Известување!

Почитувани корисници,

Ве информираме дека на 29.08.2025 година ќе започнеме со тестирање на миграцијата на веб страната на Управата за јавни приходи во нова виртуелна околина.

Оваа активност е дел од нашите постојани напори да ја подобриме стабилноста на системот и перформансите на услугите што ги користите. Миграцијата ќе овозможи поголема флексибилност при доделувањето ресурси и побезбеден пристап до потребните информации.

За време на тестирањето, веб страната на Управата за јавни приходи може привремено да биде недостапна или да има кратки прекини.

Ви благодариме за разбирањето и трпението!