РАДИОДИФУЗНА ТАКСА

Со измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на РМ“, бр.132 од 20.09.2017 година) се укина обврската за Радиодифузната такса, со што надлежноста на Управата за јавни приходи за утврдување и наплата на Радиодифузната такса е заклучно со месец 09/2017 година.

Сите физички и правни лица, обврзници за радиодифузна такса имаат обврска да ги платат заостанатите обврски по основ на оваа јавна давачка заклучно со месец 09/2017 година. Обврзниците кои имаат уплата по основ на радиодифузна такса за период 10, 11 и/или 12/2017 година, имаат право на враќање на погрешно платениот износ.
 

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ

  • Електронско плаќање со безготовинска картичка

Обврзниците на РДТ – физички лица можат да извршат проверка на состојбите и плаќање на Радиодифузна такса преку е-Даноци https://etax.ujp.gov.mk, доколку се претходно регистрирани за користење на оваа услуга.
Он-лајн плаќањето на Радиодифузна такса за физичките лица може да се врши со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка (кредитна и дебитна) издадена од домашна банка.

  • Готовинско плаќање со налог ПП 10 и ПП 30

Врз основа на податоците од решението на УЈП, плаќањето на радиодифузна такса се врши на образец ПП 10 – налог за готовинско плаќање или на образец ПП 30 – налог за безготовинско плаќање.

*Пример за пополнет ПП 10 образец
*Пример за пополнет ПП 30 образец

Плаќањето на радиодифузната такса може да го извршите на било која од следните трансакциски сметки на ЈП МРТ:
1) Комерцијална банка АД Скопје – 300000002318627; 2) Шпаркасе банка Македонија АД Скопје – 250001002999026; 3) НЛБ Банка АД Скопје – 210040634060360; 4) Халк банка АД Скопје – 270040634060270; 5) Стопанска банка АД Скопје – 200002772386383; 6) Еуростандард АД Скопје – 370011200112691; 7) Силк Роуд Банка АД Скопје – 280105102146517; 8) ПроKредит банка АД Скопје – 380700812501175. 

За повеќе информации во врска со плаќањето на Радиодифузната такса обратете се во
Инфо центарот на УЈП на телефонот 
0800 33 000 или 02/3253 200