ПОВЛАСТЕНИ ДАНОЧНИ СТАПКИ
Повластената даночна стапка од 5% се применува врз прометот / увозот на:
| Производи за човечка исхрана и публикации |
| Семенски и саден материјал за производство на земјоделски растенија |
| Ѓубрива |
| Средства за заштита на растенија |
| Фолии од пластична маса за употреба во земјоделството |
| Земјоделска механизација |
| Добиточна храна, адитиви за добиточна храна и жив добиток |
| Машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери) |
| Термални сончеви системи и компоненти |
| Бебешки производи и тоа: креветче, количка, транспортер, релаксатор, седиште за во возило, када, хранилка, цуцла, шише и пелени за бебиња |
| Лекови |
| Училишен прибор и тоа: училишна торба (ранец), тетратка, молив, пенкало, блок, работна тетратка, боички, линеар, шестар, пластелин, острилка, гума и коректор |
| Вода за пиење од јавни системи за снабдување и одведување на урбани отпадни води и вода за наводнување на земјоделското земјиште |
| Медицинска опрема, помагала и други уреди чијашто намена е за олеснување или третирање на инвалидност исклучиво за лична употреба од страна на инвалидни лица |
| Сурово масло за производство на храна за човечка исхрана |
| Првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата |
| Превоз на лица и нивниот придружен багаж |
| Софтвер за машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери) |
| Услуги за одржување на јавна чистота и отпремување на отпад |
| Услуги на сместување (ноќевање) или сместување со појадок, полупансион или полн пансион, во сите видови на комерцијални угостителски објекти |
| Пелети, печки на пелети и котли на пелети, распоредени во следниве тарифни броеви од Царинската тарифа |