Правилник за видот на даночната пријава која во потполност или делумно може да се поднесе по пат на пренос на податоци во електронска форма и постапка за пренос

Правилник за видот на даночната пријава која во потполност или делумно може да се поднесе по пат на пренос на податоци во електронска форма и постапка за пренос

Име:

Важи од:

Правилник за видот на даночната пријава која во потполност или делумно може да се поднесе по пат на пренос на податоци во електронска форма и постапка за пренос

30.09.2009 

Со овој правилник се пропишува видот на даночната пријава која во потполност или делумно може да се поднесе по пат на пренос на податоци во електронска форма како и постапката за пренос.

По пат на пренос на податоци во електронска форма даночните обврзници може да поднесат даночни пријави за сите видови даноци и други јавни давачки за кои е обезбеден информационен систем за составување, праќање, примање, чување или друга обработка на електронски податоци, како и прилизи за кои е пропишана обрска да се поднесуваат со даночните пријави, барања со соодветни прилози за издавање на дозволи и одобренија пропишани со даночни закони, барања за доставување на податоци од даночната евиденција и други обрасци пропишани со законски и подзаконски акти.