Брзо и едноставно ажурирајте ги вашите регистрациони податоци во УЈП, со телефонско јавување на бесплатната инфо линија 0800 33 000! >>> повеќе
Брзо и едноставно РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ НА СИСТЕМОТ Е-ДАНОЧНИ УСЛУГИ и користете ги електронските услуги на УЈП >>> повеќе
Доходот кој го остваруваат физичките лица, во земјата и во странство, се оданочува со данокот на личен доход (ДЛД). Пресметката и плаќањето на данокот на доход за сите видови на доход се врши по стапка од 10%, освен за добивките од игри на среќа од 15%.
Даночната основа за пресметување на данокот на личен доход е различна во зависност од видот на доходот што го остваруваат или дејноста што ја вршат физичките лица. Даночен период за кој се утврдува данокот на доход е календарската година.
Електронска пресметка на аконтација на данокот (е-ППД)
Почнувајќи од 01.01.2018 година, за одделен вид на доход коj гo остваруваат во земјата и во странство во текот на календарската година, а се оданочуваат со данок на личен доход (ДЛД), даночните обврзници имаат обврска да изготват и поднесат Електронска пресметка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку https://e-ujp.ujp.gov.mk во законски предвидените рокови.
Годишна даночна пријава
УЈП издава пополнета Годишна даночна пријава од 2019 година
Врз основа на сите податоци за исплатениот доход (плата, регрес, дивиденда и сл.) од страна на исплатувачите и за доходот кој граѓанинот го остварил од други физички лица и од странство, како и за доходот од вршење на самостојна дејност, УЈП изготвува и доставува пополнета Годишна даночна пријава до граѓаните најдоцна до 30 април наредната година, за остварениот доход од претходната година. Пополнетата Годишна даночна пријава граѓанинот ќе може да ја преземе и од системот https://e-ujp.ujp.gov.mk по претходна регистрација на истиот. Граѓанинот има обврска пополнетата Годишна даночна пријава, за остварениот доход од претходната година, да ја потврди или да ја коригира најдоцна до 31 мај наредната година.
